Средба меѓу Црвен крст Тетово и Турскиот Црвен полумесечина: Хуманитарна помош и идна соработка
Секретарот на Општинската организација на Црвен крст Тетово, г-дин Шкљќим Мурати, оствари пријателска средба со претставниците на Турската Црвена полумесечина (Türk Kızılay), г-дин Енес Емре Караташ и г-дин Танер Курт. Тие беа придружувани од претставници на Организацијата за хуманитарна помош OKH Merhamet.
Целта на средбата беше донација на пакети со храна од страна на Türk Kızılay, како и продлабочување на меѓусебната соработка меѓу двете хуманитарни организации.
Учесниците ја потенцираа важноста на меѓународната соработка во областа на хуманитарната помош и ја изразија подготвеноста за реализација на заеднички проекти во иднина.